Израел се согласи секој ден да пропушта 100 камиони хуманитарна помош во Појасот Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Израел се согласи да пушта 100 камиони хуманитарна помош во Појасот Газа секој ден, по интензивниот дипломатски ангажман на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, изјави американски претставник за „Тајмс оф Израел“.

Како што беше наведено, договорот уследил неколку часа откако Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA) предупреди дека ограничениот број камиони со помош што влегуваат во Газа не може да ги задоволи „невидените хуманитарни потреби“ во палестинската енклава.

Само 171 камион со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа откако пред десет дена беше овозможен преминот Рафах со Египет.

Во меѓувреме, ОН соопштија дека е неопходно да се отвори уште еден граничен премин за испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа.

Израел воведе блокада на Појасот Газа откако палестинската милитантна група Хамас изврши масовен ракетен напад на 7 октомври, по што следеше копнена инвазија на јужен Израел.

Слични содржини