Извлечен добитникот на 3.000.000 денари од наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“

од Aleksandar Petrovski

Добитникот на главната награда од наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“ во износ од 3.000.000 денари е штипјанецот Дејан Петков.

По извлекувањето, тој беше контактиран по телефон, на бројот што го оставил при регистрацијата и откри дека е роден во Штип, живее во Виница, а во моментот е во Бугарија и „на сигурно“ поради коронавирусот.

Во извлекувањето учествуваа сите фискални сметки скенирани од 15 декември, минатата година, до 15 март годинава или 41. 355. 591 фискални сметки.

Слични содржини