Јане Ченто ќе поднесе тужба против екс-обвинителката Русковска

Ченто наведува дека ова претставува почеток на процес за утврдување одговорност и расчистување на сите околности поврзани со судскиот процес за 27 април

од Nikola Popovski
51 прегледи Фото: Фејсбук/Јане Ченто

Еден од осудените за крвавите настани од 27 април 2017 година, Јане Ченто најави поднесување кривична пријава против поранешната обвинителка Вилма Рускоска. Овој потег означува обид за ревизија на судските постапки поврзани со тогашните настани од Собранието, со цел утврдување на одговорност за наводни нерегуларности во водењето на случајот.

– Време е за вистинска правда и вистината за 27 април. Ве покануваме да присуствувате на прес-конференција која ќе се одржи на 27 април 2026 година во 12:00 часот пред Основното јавно обвинителство. На прес-конференцијата ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В.Р. и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката – се наведува во најавата.

Апелациониот суд минатата недела донесе одлука со која не го прифати барањето за повторно судење на осудените за насилството при упадот во Собранието.

Јане Ченто заедно со уште 15 други лица во 2019 година беше правосилно осуден на 13 годишна затворска казна под обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ а во предметот „27 април“ поврзан со упадот во Собранието. Предметот го судеше судијката Добрила Кацарска, сега судијка во Уставниот суд.

Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот кој беше донесен во Собранието кон крајот на 2018.