Јанг: Јунајтед може да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона

од Vladimir Zorba

Бекот на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг е убеден дека неговиот тим може да го подигне трофејот на Лигата на шампионите оваа сезона.

„Црвените ѓаволи“ ќе спорат против Севиља во 1/8-финалето од турнирот.

„Можеме ли да ја освоиме Лигата на Шампионите? Се разбира дека сме способни“, изјави тој за „Скајпортс“.

„Ако не верувавме дека можеме да триумфираме, тогаш не би играле на овој турнир“.

„Ние се стремиме да го освоиме секој следен натпревар и се надеваме дека конечно ќе го подигнеме трофејот“.

„Ќе биде многу тешко против Севиља, но се надевам дека ќе можеме да ги елиминираме“.

„Многу е важно да се победи на првиот натпревар и да се обидеме да ја задржиме сува мрежата за да можеме да имаме предност во реваншот“, додаде Јанг.

Слични содржини