Јанша го осуди упадот на демонстрантите на јавната телевизија

од Берта Китинска
337 прегледи

Словенечкиот премиер Јанез Јана го осуди упадот на група демонстранти кои се противат на вакцинацијата  во зградата на словенечката јавна телевизија.

„Треба да се вложат сите напори за да се осуди и казни секое произволно и насилно присвојување јавен простор и закани, според истите критериуми, секогаш и секаде“, напиша Јанша.

Група демонстранти кои се противат на вакцинацијата и епидемиолошките мерки и го негираат постоењето на коронавирусот соноќаа упаднаа во студио на ТВ Словенија.

Во инцидентот што се случи вчера околу 20:30 часот кога антиваксерите влегле во студиото каде се снимаат вестите и ги навредувале и им се заканувале на новинарите. Мораше да интервенира и полицијата за да ги отстрани демонстрантите.

Новинарката Барбата Видмајер на социјалните мрежи објави и видео од упадот, а во изјава за Н1 раскажува дека демонстрантите ја прескокнале врата од дворот на зградата и преку ходниците стигнале до студиото. Со оглед дека не сакале да ги напуштат просториите, полицијата морала да ги одвлече надвор.

Новинарот Грегор Дрновшек, пак, изјави дека протестите досега биле мирни, а новинарите досега биле мета само на индивидуални негодувања од демонстрантите.

„Со часови слушавме разни теории на заговор, обвинувања дека ние од телевизијата сме убијци, гниди и трујачи. Тоа предизвика нервоза, лошо расположение, па дури и бес меѓу вработените“,вели новинарот.

Слични содржини