Јапонец се опоравил од коронавирус, па две недели подоцна повторно заболел

од Aleksandar Petrovski

Јапонец вторпат бил заразен со коронавирусот, само две недели откако се опоравил од смртоносна инфекција.

Според „Дејли меил“, човекот бил во неговите 70-ти години и првично бил заразен во февруари за време на престојот на крузерот „Дајмонд принцес“.

Тој бил пренесен на лекување во установа во Токио и се вратил дома кога по тестирањето било утврдено дека во телото нема веќе коронавирус. Сепак, не по долго време, постариот човек повторно добил температура од 39 Целзиусови степени, по што било откриено дека тој повторно има коронавирус.
Ова не е првпат да се врати вирусот, бидејќи слично нешто се случило и со еден јапонски, инаку туристички водич, кој двапати за кратко време во заболел од коронавирус.

Експертите стравуваат дека пациентите ќе можат повторно да заболат од КОВИД-19 кога тестот нема да открие преостаната инфекција во организмот. Студијата на мајмуните, сепак, тврди поинаку – животните развиле имунитет против коронавируси бидејќи првично биле заразени со него.

Слични содржини