Јапонија е сериозно загрижена поради заедничките активности на руската и кинеската армија

од Stefanija Kuzmanovska

Јапонија изрази сериозна загриженост поради заедничката активност на руските и кинеските вооружени сили во близина на нејзините граници, се наведува во годишниот извештај на јапонското министерство за надворешни работи.

„Заедничките акции на кинеските и руските вооружени сили во близина на јапонската граница предизвикуваат сериозна загриженост во однос на безбедноста на Јапонија“, се вели во Дипломатската сина книга објавена денеска, пренесува ТАСС.

Според јапонското министерство за надворешни работи, Русија и Кина ја зајакнале воената соработка во последните години со одржување на заеднички вежби и патроли во близина на Јапонија, користејќи бомбардери и воени бродови.

Претходно, министерството за одбрана на Русија во неколку наврати нагласи дека ваквите вежби и патроли се спроведуваат во строга согласност со меѓународното право и дека не го нарушуваат странскиот воздушен простор.

Слични содржини