Јонуз: Левица е лицемерна за пописот, Апасиев ги измеша работите

од Nikola Popovski

Левица повика на бојкот на пописот и нема легитимитет да зборува за ова. Тие ја исхушкаа најголемата бројка поради која се такви резултатите. Тоа е лицемерно. Штета лидерот на вашата партија не е тука во лице да му кажам која чорапа на која нога се носи, затоа што тој ги измеша тие работи. Освен критика, Левица никаква солуција не дава. Немам што да дискутирам јас со вас за ова, вели политичкиот аналитичар Агим Јонуз во емисијата „Само вистина“, обраќајки ѝ се на Јована Мојсоска од Левица.

Според него, ние после 20 години имаме попис и сме Република Северна Македонија, но се однесуваме како „АД Македонија“.

-Етноцентристичките радиуси на моќ се испотепаа за бројки и цифри, за мерење на дијметарот на радиусот на моќ за да може да се знае на кого до каде му е чергичето. Ние не создадовме здрава нација и семакедонска, се испотепавме колку Македонци, Албанци, колку Срби има. Ретко кој ја зборува вистината и и гледа во очи. Ние во државата се однесуваме како акционерско друштво, кажа Јонуз.

Слични содржини