Јосифовски: Подобро е угостителите да добијат нова финансиска помош отколку олабавување на мерките

од Берта Китинска

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува олабавување на рестриктивните мерки во претстојниот, зимски период доколку граѓаните и угостителските објекти ги почитуваат протоколите.

Претседателот на Независната Угостителска Комора , Здравко Јосифовски смета дека подобро би било доколку министерот најавил нова директна финансиска помош и поддршка на угостителите како надомест на загубите и трошоците за угостителите која е во негова директна надлежност, отколку олабавување на рестриктивните мерки

-Сите реномирани угостители и членки на комората во целост ги почитуваа изминатиот период протоколите за работа на угостителски објекти. Оние угостители што се осмелија да се стават над законот и протоколите сведоци сме дека се ригорозно казнети од страна на инспекторите од ДПИ.Убаво звучи за угостителите кога претставник на Влада најавува т.н. олабавување на мерките. Но единствена надлежна институција која носи и предлага мерки за заштита на јавното здравје е Комисијата за заразни болести – КЗБ при Министерството за здравство. Министерот Бектеши ниту одлучува ниту има право да предлага мерки единствено учествува во усвојувањето на предложените мерки од страна на КЗБ. Неговата најава за олабавување на мерките се само предизборни празни ветувања. Многу подобро ќе звучеше ако Министерот најавеше нова директна финансиска помош и поддршка на угостителите како надомест на загубите и трошоците за угостителите која е во негова директна надлежност, коментира во изјава за „Локално“,  претседателот на НУК. 

 Јосифовски  вели дека откако се донесени новите мерки контролите и посетите од државните инспекторати во угостителските  објекти се континуирани, но според него проблемот се создава од нелогичните протоколи предложени од  Комисијата за заразни болесто

-Проблемот што го создаде Комисијата за заразни болесто со носење и предлагање на нелогични и недоследни протоколи за работа на разни типови и видови на угостителските објекти доведува до континуирани различни тумачења на актуелните протоколите помеѓу угостителите и инспекторите. Во ниеден моменот во период од 18 месеци не се направија јасни толкувања на пиши бриши протоколи и можноста за нивната реалана примена во пракса, подвлекува тој.

Првиот човек на НУК смета  дека било какво најавено олабавување на мерките за угостителите нема да значи ништо до моментот додека не дојде најавата за нивно целосно укинување.

 -КЗБ изминатиот период докажа дека нема слух ниту намера да при предлагањето на мерки и ограничувања на работата и работното време соработува со угостителите и коморите во донесување на применливи мерки.

Било какво најавено олабавување на мерките за угостителите нема да значи ништо до моментот додека не дојде најавата за нивно целосно укинување.

Олабавување или усогласување на мерките со претстојниот зимски период мора да постои. Најавеното олабавување на мерките очекуваме всушност да биде прилагодување и усогласување на постојните мерки со периодот што ни следи во затворените делови на угостителските објекти доколку очекуваме угостителите да опстанат оваа зима, смета тој.

 Во однос на тоа дали гостите имаат разбирање за новите ограничувања , Јосифовски вели дека од донесувањето на мерката со која се забранува влез во угостителски објекти за невакцинирани лица повеќе објекти низ Македонија се казнети, но ниеден од истите не е казнет заради прием на гостин без сертификат туку казните се однесуваат заради непочитување на примена на важечките протоколи за работа.

Гостите без разлика дали се домашни или странски максимално се прилагодуваат кон важечките проколи за работа на угостителски објекти. Проблемот е што познатиот жар и сјај кој што се ширеше низ угостителските објекти пред пандемијата е на чекор пред своето исчезнување. Од донесувањето на мерката со која се забрани влез во угостителски објекти за невакцинирани лица повеќе објекти низ Македонија се казнети но ниеден од истите не е казнет заради прием на гостин без сертификат туку казните се однесуваат заради непочитување на примена на важечките протоколи за работа.

Изминатиот период вршени се и контроли во угостителски објекти на гости од страна на унифирмирани лица од МВР за поседување на сертификат за што од гостите имаше континуирани изрази на незадоволство заради нивната идентификација. Како комора немаме информација дали е затекнат гостин без сертификат во угостителски објект и дали и како е казнет поради истото, вели претседателот на НУК.

Б.М.

Слични содржини