Јовановска: Пензискиот фонд е во стабилна состојба, ПИОМ има редовни приливи

од Берта Китинска

Фондот е во стабилна состојба и пензионерите можат да бидат спокојни.Се тече како што е планирано, има прилив и сервисирањето на пензиите до крајот на годината ќе биде редовно, па дури би рекла и предвремено, односно на крајот од месецот, изјави во Утрински брифинг директорката на ПИОМ, Билјана Јовановска.

-За разлика од изминатите години, во делот на трансферот од централниот буџет кон ПИОМ, сега имаме трансфер од 38%, што значи зависноста на буџетот на Фондот од централниот буџет се намалува. Затоа сите показатели се дека ПИОМ нема да има проблеми со сервисирање на пензиите, додава Јовановска.

Таа вели дека има тренд на зголемување на просечната пензија и во 2021.

-Јас верувам дека со усогласувањето што ќе биде и во јули, ќе има зголемување на просечната пензија, со тоа што кога ќе се стабилизира севкупната економска состојба во државата повеќе од сигурно е дека владата ќе преземе активности за евентуално покачување, вели Јовановска.

Слични содржини