Јовановски: Џабе преживувањето на коронавирусот ако потоа се умре од глад

од Ивана Рамаданова

За два месеци од денес на целиот свет ќе му стане јасно дека постојниов начин на живот е економски неодржлив, смета главниот советник во Управниот одбор на Комората, Зоран Јовановски.

„Економските последици ќе станат преголеми за да можат да се ставаат во втор план. Со други зборови, џабе преживувањето на коронавирусот ако потоа се умре од глад. Затоа, мислам дека ќе се бара решение што ќе ги балансира последиците по здравјето и економските последици. Очекувам решението да биде: најранливата група во однос на здравствените последици од вирусот да биде изолирана со релативно ограничен допир со околината, следната група според ранливост, на пример, тие над 60 години да работат од дома или да одат на работа на сопствен ризик, а останатите да учат, студираат, одат на работа со мерки за заштита, маски, ракавици…. Сето ова, се разбира, преку координиран пристап на повеќе земји, инаку нема смисла“, напиша на својот Фејсбук профил Јовановски.

loading...

Слични содржини