Јовановски: Македонија ризикува да биде жртва на цунамито кое ќе го предизвика големиот геополитички земјотрес

од Vladimir Zorba

Во Европа и светот се случува драматичен геополитички земјотрес по кој ќе се воспостави нов поредок. Како и каков? Во овој момент никој ја нема Кристалната топка во која би можело да се ѕирне во таа не така далечна иднина. Разбирлив е провинцијализмот на едно мало општество какво што е нашето. Во таа смисла не се подобри ни другите од слични пропорции. Па сепак делува ретардирано да се нема политичко па и интелектуално љубопитство да се ѕирне надвор од трлото.

Руската агресија на Украина е само една од скалите кон кулминацијата на овие промени кои започнаа уште со економската криза во 2009 година. Вистинската кулминација и расплетот допрва ќе следат и какви и да се, мала држава каква што е нашата се става во сериозен ризик доколку си дозволи да биде вон главните текови на континентот кој станува се посвесен за фактот дека само обединет може да излезе жив од овој земјотрес.

Случувањата во Украина повеќе од јасно е дека го вклучија алармот во ЕУ која конечно сфати дека процесот на проширувањето во неговата последна фаза кон Западниот Балкан мора да се случи.

Оваа тема после речиси две децении повторно се најде на масата на шефовите на држави и влади. Десет земји членки на ЕУ на највисоко ниво , меѓу кои беа и оние кои се безрезервно „За“, но и оние кои се скептични кон интеграцијата на Балканот. Украина го обнови консензусот од потребата за нов голем бран на проширувањето кон Украина, Молдавија и Западниот Балкан. Се разбира клучниот голем залак е Украина а ние покрај нив ја добиваме историската шанса да се пробиеме во гужвата и тоа пред се поради упорноста на Германија, Балканот да не биде заборавен.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини