Јовановски: „Зелен хуман град“ се активисти во душа, ќе продолжиме да ги слушаме граѓаните

од Nikola Popovski

Нашата цел и работа е да ги слушаме граѓаните и да бидеме транспарентни во работата на Советот во општина Центар, вели Горјан Јовановски од иницијативата „Зелен хуман град“, која освои две советнички места.

Според него, „тие ќе го отворат советот кон граѓаните и целта не им бидат само зелените политики“.

-Ние не сме партија. Ние сме единствена независна опција. Апликацијата „Мој град“ ќе ја дадеме на граѓаните да споделуваат предлози. Ние сме активисти во душа, дојдовме од улица и ќе продолжиме да го правиме истото. Борбата од улиците ќе ја водиме во институциите и ќе стоиме рамо до рамо со граѓаните, како што беше и досега, најави Горјановски.

Слични содржини