ЈСП Скопје воведува нова автобуска линија

од Nikola Popovski

Директорот на ЈСП Скопје, Александар Стојковски, денеска на седницата на Советот на Град Скопје за советнички прашања, најавил дека претпријатието работи на воведување нова автобуска линија Радуша – Сарај.

Оваа линија се воведува по барање на околните жители, а по изготвената анализа која е во завршна фаза од страна на ЈСП Скопје.

Според Стојковски, новата линија значително ќе ја подобри поврзаноста на населбата Радуша со Сарај, а жителите од Радуша ќе имаат редовен превоз.

Директорот Стојковски на денешната седница истакнал дека нема доцнење на редовните автобуски линии за општина Сарај и дека станува збор за  редовна пракса на возење по летен возен ред со намален број линии.

Слични содржини