ЈСП со изменет возен ред за првомајските празници

од Берта Китинска

ЈСП  информира дека јавниот превоз во петок (1.05.2020 год), сабота (2.05.2020 год) и недела (3.05.2020 год) ќе функционира од 5 до 14 часот, а автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Во прилог/фото се последните термини на поаѓање пред 14 часот.Останатиот тековен возен ред, до исклучувањето на возилата до 14 часот, може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.

Во петок (1.05.2020 год) и во недела (3.05.2020 год) од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).
Во сабота (2.05.2020 год) од 7.30 до 12 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Отворени од 7.30 до 12 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар (автобусот).

Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики, дел од секундарната продажна мрежа на претпријатието.

Посочениот режим на јавниот превоз и работното време на билетарниците е согласно одлуката на Влада на РСМ за ограничено движење на граѓаните за време на првомајските празници.

Слични содржини