Јулија Навални отпатувала во Германија? Нејзината адвокатка неизвестена

од Stefanija Kuzmanovska

Јулија Навални, сопругата на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, отпатувала со авион во Германија, јави агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на неименуван извор.

Меѓутоа, нејзината адвокатка Вероника Полјакова не можеше да ја потврди таа информација.

– Не знам, не ми кажа – изјавила Полјакова за РИА Новости во врска со информациите дека нејзината клиентка ја напуштила Москва и заминала во Германија.

На прашањето дали смета дека таа информација е невистинита, Полјакова одговорила: „Не го реков тоа“.

Навални беше уапсен на 17 јануари на московскиот аеродром Шереметјево, веднаш откако слета со авион од Германија.

Слични содржини