Јунајтед го договори Санчо, доаѓа во Манчестер по Европското

од Vladimir Zorba

МАНЧЕСТЕР Јунајтед го договори доаѓањето на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Борусија ќе добие 72 милиони фунти со бонуси, а фудбалерот уште порано ги договори деталите за неговиот договор со Јунајтед. Санчо ќе потпише петгодишен договор, тврди секогаш сигурниот новинар Фабрицио Романо.

Скај Спорт пишува дека 21-годишниот Санчо ќе се приклучи на новиот клуб по завршувањето на Европското првенство и откако ќе го помине лекарскиот преглед.

Минатата сезона, англискиот репрезентативец постигна 16 голови со 20 асистенции за германскиот клуб.

Слични содржини