Јунајтед го победи Челзи, Лукаку и Лингард херои

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед запиша многу важна победа над Челзи со 2:1 во големото дерби на 28. круг од Премиер Лигата. Тоа беше само втор успех за „Црвените Ѓавали“ над тимот од Лондон во последните 15 натпревари меѓу нив.
 
На „Олд Трафорд“, судирот беше изедначен, а во одредени периоди гостите имаа иницијатива. Тие поводоа со олот на Вилиан, но Јунајтед успеа да направи пресврт, по головите на Ромелу Лукаку и резервата Џеси Лингдар.
 
Со успехот, Манчестер Јунајтед се врати на второто место со 59 поени, додека Челзи е надвор од топ 4, откако има 53 – 2 помалку од Тотенхем.

Слични содржини