Јунајтед и Вила со прво реми во претсезонските подготовки

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа 2:2 во четвртата контрола, дел од претсезонската подготовка на двата тима.

Избраниците на Ерик тен Хег одиграа добро прво полувреме и поведоа со два гола со головите на Џејден Санчо (25′) и автоголот на Мети Кеш (41′), но во вториот дел тимот од Бирмингем ја презеде иницијативата и успеа да израмни. со головите на гостите во вториот дел Леон Бејли (50′) и Калум Чемберс (90′).

Ова беше прв натпревар од подготовките летово, во кој двете екипи не славеа победа.

Подготовките на двете екипи продолжуваат со натпревари за една недела кога Вила ќе се сретне со Рен, а Манчестер Јунајтед ќе игра контрола против Атлетико Мадрид во Норвешка.

Слични содржини