Јунајтед нема намера да го раскине договорот со Роналдо

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед нема намера да го раскине договорот со Кристијано Роналдо, како што вчера се шпекулираше во англиските медиуми. Според гласините, во клубот се многу загрижени поради однесувањето на Португалецот, кое го погодува моралот на целиот тим и поради оваа причина размислувале за раскин на неговиот договор доколку тој не го промени однесувањето.

За време на кобниот меч со Брентфорд, Роналдо во неколку наврати ја покажуваше својата фрустрација од играта на соиграчите, дури и отворено гестикулираше кон чуварот на мрежата Давид де Хеа, кој рано направи две грешки кои доведоа до првите два гола на „црешите“.

Роналдо и понатаму се надева дека ќе го напушти Јунајтед и ќе се приклучи на клуб кој игра во Лигата на шампионите. Сепак, неговиот агент Жорже Мендеш не може да му најде таков, бидејќи речиси на сите клубови што го понуди, одбија да го ангажираат Кристијано. Официјалниот став на Јунајтед досега беше дека Португалецот не е на продажба, особено што Ерик тен Хаг е многу ограничен во изборот на офанзивни играчи.

Откако се појавија гласините за раскин на договорот на CR7, „Скај Спортс“ стапи во контакт со портпаролот на Манчестер Јунајтед, кој изјави дека нема промена во клупскиот став, практично негирајќи ги спорните шпекулации.

Слични содржини