Јута ги испрати ѕвездите на ОКС на одмор

од Vladimir Zorba

Повеќето специјалисти и прогнозираа на Јута околу 30 победи во регуларната сезона. Но, „Џезерите“ не само што победија во 48 натпревари, туку веќе се во втората рунда од плејофот, каде што ќе играат со Хјустон.

Тимот од Солт Лејк Сити ја затвори серијата со Оклахома со 4-2 во победи по успехот од 96:91 во натпреварот број 6 дома. Дебитантот Донован Мичел постигна 38 поени, а Јута го надмина отсуството на Рики Рубио, кој на почетокот го напушти мечот поради повреда на бутот.

Расел Вестбрук постигна 46 поени за „громовите“, но другите две ѕвезди беа катастрофални. Пол Џорџ со заврши со 5 поени при 2 од 16 шут од игра, додека Кармело Ентони додаде 7 поени при 3 од 7.

Домаќините поведоа со 86:73 во средината на последниот дел, но пред крајот тие губеа со 92:91. Дерек Фејверс постигна важен кош, по што гостите имаа серија обиди поради 5 скока во нападот, но пропуштија 5 удари, вклучувајќи и неколку обиди од тројка за израмнување.

Ова е огромен неуспех за ОКС кои сега веројатно ќе останат без Пол Џорџ, а и Кармело Ентони има опција да одлучи дали да остане за 28 милиони долари за сезона што ќе го прати тимот далеку над плафонот за плати. Иднината во оваа фаза изгледа прилично тешка за Оклахома.

Слични содржини