Кабинетот на Меркел ги повика германските навивачи да не одат во Лондон

од Nikola Popovski

Шефицата на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелга Браун, ги повика навивачите да не патуваат во Лондон на натпреварите во подоцнежната фаза на Европското првенство.

Таа изјави дека сите навивачи кои патуваат во Лондон ќе треба да одат во карантин по враќањето во Германија.

Министерот за здравство Јенс Спан предупреди на делта варијантата на британскиот сој на коронавирус, што предизвика нов бран на инфекции во Велика Британија.

Да потсетиме, Германија оваа сабота од 18 часот ќе одигра уште едно дерби во „групата на смртта“, овој пат против актуелниот европски шампион Португалија.

Во првото коло Франција ја совлада екипата на Јоаким Лев со 1: 0, па на Германците ќе им треба триумф.

Слични содржини