Кадиров: Оние кои ги организираа немирите во Махачкала подобро да испратат сили во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров изјави дека оние кои предизвикаа немири во Дагестан во неделата треба да ги насочат своите сили во „вистинската насока“ кон Украина.

„Ако постои таков жар и желба за справување со непријателот, јас само го поздравувам тоа! Но, тоа треба да се насочи во вистинската насока – кон Украина. Тоа се истите сили таму, вистински сатанисти, фашисти и слуги на Иблис, кои поддржуваат убиството на Палестинците“, напиша Кадиров на Телеграм, пренесува РИА Новости.

Тој ги советуваше младите да размислат „пред да направат такво нешто“.

Слични содржини