Кадиров умира? Се огласи неговиот син: „Му се молам на Господ…“

од Stefanija Kuzmanovska

Здравствената состојба на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се влошила, објавија неколку украински медиуми, меѓу кои и агенцијата Униан.

За здравјето на Кадиров пишуваа и неколку проруски Телеграм канали.

Според некои медиуми, Кадиров веќе неколку дена е недостапен, а проблемите со бубрезите и црниот дроб му се влошени.

Овие извештаи се слични на оние кои се појавија во март годинава.

Кадиров е на работ на смртта

Униан известува дека шпекулациите за нарушеното здравје на Кадиров почнале да кружат низ неколку проруски Телеграм канали. Еден од тие канали го објави она што синот на Кадиров, Адам го објави на социјалните мрежи. Во објавата, Адам бара од Бога да го заштити неговиот татко.

Чеченскиот дисидент Тумсо Умалтович Абдурахманов, познат на Јутјуб под псевдонимот Абу Садам Шишани, на Телеграм објави дека некои информации укажуваат дека Кадиров е на работ на смртта.

„Дијализата не му помага повеќе“, посочи тој.

Тој подоцна појасни дека Кадиров изгледал лошо за време на неговото појавување во живо во јавноста за да докаже дека е жив и здрав.

Кадиров уште во март ги негираше шпекулациите за неговата лоша здравствена состојба.

Тој исто така тврдеше дека непознатиот предмет на прстот, кој привлече големо внимание, всушност бил електронски бројач за молитви и не е поврзан со неговото здравје.

Слични содржини