Кадиров: Уште 3.000 борци од Чеченија се подготвени да заминат во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека уште 3.000 негови борци се подготвени да заминат да се борат во Украина како дел од единиците на руското министерство за одбрана и силите на руската Национална гарда.

„Тие (борците) ја имаат најдобрата опрема и модерното оружје. Покрај тоа, момците се многу борбени и високо мотивирани да постигнат резултати“, навел Кадиров на Телеграм.

За Кадиров војната во Украина е бедем против „западната агресија“, наведува „Ројтерс“.

Слични содржини