Каевски: Антикорупциска да постапи по скандалот на градоначалниците на ДПМНЕ со купувањето поскапи машини

од Nikola Popovski

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски денеска побара од Антикорупциската комисија да постапи во однос на сомнителните јавни набавки со нереални, астрономски цени во општините под раководство на градоначлниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според зборовите на Каевски, опшина Битола потрошила речиси 50.000 евра, а општина Велес околу 40.000 евра за јавна набавка на машина за бележење хоризонтална сигнализација.

-Овие цени се драстично повисоки од реалните цени на пазарот. Исти вакви машини може да се најдат и по 3 и до 5 пати помали. Многу други општини како Илинден на пример, но и Центар и други набавиле таква машина по три пати пониска цена од астрономските цени кои се платени во општините Велес и Битола.

Овие факти се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните и за корупција. Прашањето е во чии џебови завршила разликата?, прашува Каевски.

Слични содржини