Каевски: Апослутно неселективно оваа влада ќе решеава за сите дивоградби во наредниот период

од Берта Китинска

Владата на Република Северна Македонија на својата прва седница одржана денеска донесе одлука да му препорачува на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изградениот градежен објект што се наоѓа пред ТЦ „Мавровка“ КП 8891/3, според имотен лист бр. 110092, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.

„Пред два дена се формираше седница со тоа денеска веднаш почна да се поставуваа оваа пракса која ќе се спроведува во наредните четири години. По дивоградбата во „Мавровка“ ќе се постапува и за таа на Матка. Апослутно неселективно оваа влада ќе решеава за сите дивоградби во наредниот период. Една од главните од принципи со искрени и чесни кради ќе се спроведат нови реформи“, изјави  Дарко Каевски пратеник од СДСМ во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, телевизија.

 

Слични содржини