Каевски: Пописот не беше спроведен од политичка партија

од Nikola Popovski

Драго ми е што после 20 години спроведовме точен попис, но одредени политички чинители манипулираа. Се манипулираше со директорот поради тоа што имаше повици за бојкот. Се обидуваа да го саботираат пописот. Важен е пописот за државата и секоја релевантна институција, вели пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Каевски потенцира дека пописот е во сите стандарди со ОН и со сите препораки на ЕВРОСТАТ.

-Пописот го спроведе ДЗС со сите луѓе што се пријавија на пописот. Жално е да се каже дека одредена политичка партија го спроведе, туку група на луѓе и систем кој што допринесе да биде успеше. Жал ми е што од пописот се извлекуваат податоци за етникумот. Жал ми е што не се извлекоа пораките колку млади ни се иселија, колку градови останаа без сериозна бројка на луѓе. Верувам дека во следниот период ќе се извлечат сите поуки од оваа ситуација. Политичките партии од опозицијата да се одважат и да го кажат својот став. Да не создаваат магла или делување која ќе ја отежне оваа работа и перцепцијата на граѓаните за пописот, рече Каевски.

Слични содржини