Каевски: Со законските измени државата ќе заштеди 150 милиони евра и две години помалку за изградбата на Коридорите

од Nikola Popovski

Предлог законските измени што ги усвои Владата се во насока на обезбедување побрза и поевтина реализација на делниците од коридорите 8 и 10 Д. Но, треба да се знае дека измените на петте закони не се однесуваат само на коридорите, туку и за сите следни проекти во патната и железничка инфраструктура, гасоводи и други проекти кои се од стратешки национален интерес, изјави денеска портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.

Пратеникот потенцира дека ЕУ веќе го карактеризира Коридорот 8 како европски коридор со геостратешко значење и оттаму, измените на законите ќе се носат со европско знаменце. Дециден е дека со носењето на законските измени нема да има заобиколување на постапките, нема кратење на фазите на градба.

-Напротив, ќе има забрзани процедури и намалување на роковите, со цел да обезбедиме ефикасност и ефективност при градбата, за овие проекти се завршат и побрзо и поевтино. Со носењето на законските измени државата ќе заштеди 150 милиони евра и две години помалку за градба.

Не смее и нема да дозволиме да ни се повтори случајот со автопатот Кичево – Охрид проект што заради неправилности на почетокот, сега се реализира предолго и прескапо.

Затоа, уште еднаш апелираме до сите пратеници, особено до колегите од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со блокадите, да покажат одговорност и да учествуваат во усвојувањето на измените на законите кои обезбедуваат конечна реализација на стратешкиот проект – изградба на коридодот 8, рече Каевски во изјава за медиумите.

Слични содржини