Кајли Џенер јавно го поддржа Израел, а потоа ја избриша објавата (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кајли Џенер на Инстаграм сподели фотографија од израелското знаме, а набрзо потоа го избриша откако започнала лавина од негативни коментари под објавата.

Кајли Џенер одлучила да го поддржи Израел, па со фотографија на Инстаграм предизвика лавина коментари, главно негативни.

„Сега и секогаш стоиме со народот на Израел. Споделете ако го поддржувате израелскиот народ кој се соочува со една од најстрашните ситуации“, пишува на фотографијата и нејзиниот опис.

Таа по еден час ја избриша оваа објава на Инстаграм, а реакциите секако се проширија на Твитер и другите социјални мрежи.

„Ве молам сите да ја отследите Кајли“, „Таа нема поим што се случува меѓу Израел и Палестина“, „Таа всушност го направи полошото со бришењето на фотографијата. Тоа покажува дека навистина не се грижи за никого и дека го направила тоа само да предизвика реакции“, се дел од коментарите.

Таа беше критикувана и дека ја повредила својата долгогодишна пријателка, манекенката Бела Хадид, која има палестинско потекло, со тоа што го поддржала Израел.

„За мене е неверојатно што го поддржува Израел и покрај тоа што нејзината најдобра пријателка е Палестинка“, „Дали познатите личности се слушаат? На пример, кога Бела зборува за Палестина, дали Кајли разбира што зборува?“, се само дел од реакциите.

Слични содржини