Кајли не сака сериозна врска со Дрејк, а причината е потполно оправдана

Откако пред повеќе од еден месец ја прекина врската со Травис Скот, таткото на нејзината ќерка Сторми, 22-годишната милијардерка се почесто може да се види во друштво на 11 години постариот рапер Дрејк. И додека медиумите пишуваат за нив како новиот љубовен пар на ѕвезденото нево, нивните блиски пријатели откриле како реалити ѕвездата и музичарот не сакаат службено да излезат во јавност како љубовен пар.

– Кога медиумите дознаа за нивната врска, ја застанаа топката. Ниту еден од нив не сака да биде фотографиран во јавноста како љубовен пар – рекол извор близок до парот, пренедува порталот Page Six.

Извор близок до познатата милијардерка открил за порталот дека сопственичката на брендот Kylie Cosmetics и најмладата самосоздадена милијардерка не сака сериозна врска со раперот, најмногу поради тоа што го бијат гласини дека е женкар.

Иако Дрејк неодамна изјави дека се смири кога станува збор за жените, изворот рекол дека младата убавица не верува во тоа и не сака да биде изиграна.

– Попаметна е од ота – рекол додавајќи дека релити ѕвездата сега се наоѓа во доволно комплицирана ситуација, мислејќи на нејзиниот распад на врската со таткото на нејзиното дете, раперот Травис Скот, поради што не и е потребна уште една врска која ќе биде под лупата на јавноста.

Дрејк и Кајли се познаваат откако Кајли беше дете, а познатиот рапер дури и настапуваше на нејзиниот 16. роденден во 2013 година.

Наводно тие својата романса ја започнале на забавата по повод Ноќта на вештерките, а многу блиску делуваа и на роденденската забава на сестрата на Кајли, Кендал Џенер.

– Тој и Кајли во последно време поминуваат многу време заедно. Тие се пријатели со години, а и Дрејк е многу близок со целата фамилија – открил тогаш еден извор, додека друг додал дека нивното пријателство, со текот на времето прераснало во љубов.

Иако повеќе не се заедно, Кајли и нејзиниот поранешен партнер Травис Скот, заедно со својата ќерка Сторми го прославија Денот на благодарноста.

Слични содржини