Како Дедо Мраз ја подели Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Украина е поделена уште еднаш – овој пат околу главната личност на Нова Година, покажува анкетата спроведена од социолошката група „Рејтинг“.

Според истражувањето на јавното мислење, жителите на Украина сè повеќе веруваат во Свети Никола – оваа година тој број достигна две третини од вкупниот број испитаници. Бројот на оние кои повеќе го почитуваат Дедо Мраз остана ист – 31 процент.

Според анкетата, Свети Никола е најценет на западот од земјата, додека љубителите на Дедо Мраз се претежно во источните области.

2.500 луѓе на возраст од 18 години учествувале во истражувањето на целата територија на Украина, без регионите Доњецк и Луганск.

Слични содржини