Како изгледа ИМПЛОЗИЈА на подморница: Милиони луѓе без здив ја погледнаа анимацијата која покажува што се случило со „Титан“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Видеото од имплозија на подморница има милиони прегледи откако заврши потрагата по исчезнатата подморница и беше објавено дека таа експлодирала.

Американската крајбрежна стража објави дека подморницата Титан која исчезна за време на експедицијата на Титаник најверојатно имплодирала, убивајќи ги сите пет патници веднаш. Но, како точно изгледа имплодирањето? Многумина не можат ни да замислат.

Затоа видеата кои одговараат на тоа прашање собраа милиони прегледи за краток временски период.

Еден од нив покажува анимација на имплозија, по што пловилото е целосно уништено.

@sincerelybootz For educational purposes: Submarine implosion depiction #titanic #titanicexpedition #ocean #submarine #implosion ♬ original sound – Bootz

Имплодирањето е всушност спротивен процес на експлозија, кога одреден предмет ненадејно, насилно и бурно ќе се уништи во себе. За разлика од експлозијата, во која енергијата и материјата се дисперзирани од центарот кон надвор, во имплозијата се случува токму спротивното – волуменот на предметот се намалува, а енергијата и материјата се концентрираат.

Подморниците често се земаат како пример за да се објасни имплодирањето.

Слични содржини