Како изгледа викенд-куќата на Беливук одвнатре: Тука биле извршени грозоморните убиства (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Досега се пронајдени докази за монструозните убиства извршени од кланот Беливук-Миљковиќ во викенд-куќата на екипата на Вељко Беливук во белградската населба Ритопек.

Имено, викендицата или „куќата на ужасот“ досега најмногу пати се пребарувала, а припадниците на српската полицијата постојано ја чувале во последните 3 месеци.

Во околината на Белград, куќата на Ритопек, каде што членовите на тимот на Неволја и Миљковиќ се осомничени дека ги носеле жртвите, а потоа и брутално ги убивале, ја крие тајната за ликвидацијата на најмалку пет лица.

Истражителите се сомневаат дека на ова место биле убиени многу повеќе луѓе, а бројни ДНК траги што биле откриени низ целата куќа биле испратени на вештачење со цел да се утврди кој друг бил во тој објект, од списокот на 12 мистериозно исчезнати лица.

Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, вчера изјави дека по вештачењето, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за организиран криминал дефинитивно потврдиле дека во машината за мелење месо пронајдени се неколку примероци на човечка ДНК од разни жртви во куќата во Ритопек.

Слични содржини