Хејли и Џастин Бибер важат за еден од најпопуларните холивудски парови и привлекуваат внимание каде и да се појават.
И додека едни сметаат дека се создадени еден за друг, други пак коментираат дека не се баш „складен пар“.
Факт е дека имаат различни стилови, а во јавноста често се појавуваат во неусогласени изданија, а сега повторно го привлекоа вниманието со својот стајлинг.
Имено, Хејли за едно излегување избра елегантен црвен фустан кој ја истакна нејзината витка линија, а стајлингот го заокружи со потпетици и чанта во бојата на фустанот, додека Џастин се појави во спортско издание, поточно во дуксер и шорц.
Судејќи по коментарите на социјалните мрежи, ова на многумина им „падна во очи“, а тие не беа баш љубезни во она што го напишаа за славниот пар. Откако Хејли и Џастин беа фотографирани како излегуваат на крофни, многумина ја критикуваа, сметајќи дека ова издание е „претерано за ваков состанок“, а многумина го критикуваа и Џастин и му порачаа дека „можел малку да се потруди“.
„Како мајка и непослушен син“, „Целосно несовпаѓање“, „Тој можеше малку повеќе да се потруди околу својот изглед“, „Хејли малку претера со стајлингот за излегување на крофни“, се само дел од коментарите.