Како навистина изгледа најубавата жена на светот откако ќе стане од спиење? (ФОТО)

од Nikola Popovski

Американската манекенка Бела Хадид, за која дури и компјутерски пресметки тврдат дека е најубавата жена на светот, ги воодушеви обожавателите со новото провокативно издание.

Имено, популарната манекенка објави видео во кое позира во минијатурно тексас бикини, а во таа прилика го истакна своето згодно тело.

На видеото, Бела скока и се смее, а до израз доаѓа нејзиното деколте, нејзиниот совршено рамен стомак, тесниот струк и колковите.

– Само што се разбудив. Заспана девојка на сонце – напишала во описот на видео, за кое собрала 2,1 милиони лајкови, како и безброј позитивни коментари.

„Ти си совршена“, „Вистинска принцеза“, „Бикинито ти е убаво, од каде го купи?“, „Енергијата ти е прекрасна, ја чувствувам од тука“, „Стави си крема за сончање“, „Нема поубава девојка“, се дел од коментарите под објавата.

Инаку, Бела ја следат 38,3 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, а со нови видеа и слики нè потсети на неодамнешната фотосесија што ја имаше на тропска дестинација.

Слични содржини