Како правилно да чувате ЈАГОДИ? Треба да ги знаете ОВИЕ трикови!

од Vladimir Zorba

Со првото појавување на јагодите знаеме дека пристигнало убавото време и можеме со сонцето да уживаме во ова вкусно овошје

Како сепак да ги чувате јагодите?

Меките и слатките јагоди бараат посебна грижа и складирање за да траат по купувањето.

Ако планирате веднаш да јадете јагоди, најдобрата опција е да ги чувате јагодите на собна температура на кујнскиот пулт, но доколку сакате да им го продолжите животот, фрижидерот е најдобриот избор.

Кога правилно се складираат, јагодите ќе останат свежи околу една недела.

Миење јагоди

Не ги мијте јагодите претходно ако не сакате веднаш да ги јадете. Јагодите ќе останат најсвежи кога се суви и ладни, а секоја дополнителна влага ќе поттикне да се појави мувла. Затоа, измијте ги јагодите кога планирате да ги јадете.

Оставете ги дршките на јагодите

Чувајте ги зелените стебленца на свежите јагоди кога ги чувате во фрижидер.
Недопрените стебла ќе ја заштитат внатрешноста на јагодите и ќе им го продолжат животот.

Слични содржини