Реформите во судството не се спомнуваат во новиот договор на 4-те партии за излез од кризата, а не се спомнува ниту формирање специјален оддел за предмети произлезени од прислушуваните материјали што ги води СЈО.

vlado-kambovski-1-670x486

Во јавноста се шпекулира дека ова навестува формирање на специјален суд по урнек на Специјалниот суд за воени злосторства од ОВК на Косово, а кој е формиран од ЕУ и таму ќе судат само европски судии.

 “Тоа ќе биде тежок срам за судството, за кривичарите, за правната фела во Македонија ако се дозволи специјален суд по урнек на косовскиот“, вели академик Владо Камбовски за САКАМДАКАЖАМ.МК.Тој укажува дека е изненаден што после таква блокада на Специјалното обвинителство од сите надлежни институции, инструираност и пристрасност од страна на Основниот суд Скопје 1 да носи одлуки во корист на осомничените функционери од власта, сепак ни на последните дополнителни средби на работните групи на 4-те партии – потписнички на Договорот од Пржино, реформите во судството не беа воопшто спомнати. Не се спомна, вели, ни формирање специјален оддел за предмети произлезени од прислушуваните материјали што ги води СЈО.

текстот во целост прочитајте го тука

Слични содржини