Камерон: Сунак е силен и способен лидер, иако во минатото не се согласував со него

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерот Риши Сунак е „силен и способен лидер“, иако можеби не се согласував со некои од неговите индивидуални одлуки, изјави денеска новоименуваниот министер за надворешни работи на Велика Британија Дејвид Камерон и додаде дека сака да биде дел од „најсилните можен тим“ пред општите избори во Британија.

„Иако во изминатите седум години бев надвор од политиката, се надевам дека моето искуство како лидер на Конзервативната партија 11 години и шест години како премиер ќе ми помогне да му бидам од корист на премиерот. Сакам да му помогнам да ја испорача безбедноста и просперитетот што ѝ треба на нашата земја“, наведе Камерон на својот профил на X.

Тој истакна дека дипломатските и разузнавачките служби се меѓу највредните „добра од ваков вид“ во светот.

„Од времето на мојот мандат знам дека таму работат брилијантни, патриотски настроени и вредни луѓе. Тие беа добро предводени од Џејмс Клеверли, со кого со нетрпение очекувам да работам во неговата нова улога“, изјавил Камерон.

Како што наведе Би-Би-Си, Камерон бил „насмеан“ додека одел до Форин Офисот откако го напуштил Даунинг стрит број 10.

Слични содржини