Камионот на иднината – 2000 километри без полнење

од desk3

Американската компанија Nikola Motor вети уште во текот на летото да го претстави до крајот на годината камионот кој ќе предизвика револуција на пазарот .Тоа и го направи. Тоа е моделот One кој се напојува со водородни ќелии. Машината располага со моќност од 1000 КЅ и со едно полнење ќе може да помине околу 2.000 км

kamion
Погонот на агрегат на камионот се остварува од електрична енергија што се собира во батерии по хемиска реакција меѓу кислород и водород. Транзицијата со едно полнење зависи од изборот на конфигурација на резервоарите и силината на акумулаторите, а ќе се движи од 1287 до 1931 километри. Топ-верзијата на One располага со батерии со јачина од 3210 kW / h, токму таа е и најмоќната за моделот – 1000 КС и 2771 Nm вртежен момент.

0986474001480753864_0
Според креаторите на машината таа е речиси 2 пати поекономична во споредба со камионите кои се напојуваат со дизел гориво. Притоа One е со 900 кг. полесен од аналози со мотор со внатрешно согорување, а неговата тежина се движи од 8,1 до 9,5 тони. За време на претставувањето на моделот од компанијата открија дека ќе предложат и негова поголема достапна верзија – Nikola Two. Таа ќе се одликува со минијатурна кабина во која нема да има места за спиење.

0544475001480753865_0

За купувачите на камионот ќе биде изградена цела синџир од 364 полначки станици на територијата на САД и Канада,а работата на нив ќе стартува во 2018 година. Истовремено Nikola Motor ќе предложи лизинг шема која предвидува месечно плаќање на износи помеѓу 5.000 и 7.000 долари. Нејзината должина ќе биде 72 месеци (6 години) без ограничувања во досегот, а сопственикот на камионот ќе може да го полни со енергија целосно бесплатно.

0999830001480753865_0

По истекот на овој рок или при постигнување на километража од 1 милион Милји, машината ќе може да биде откупена назад од компанијата и соодветно заменета со нова. Сериското производство на водородните камиони ќе стартува во новата фабрика на компанијата, чија изградба ќе почне следната година. Во претпријатието ќе бидат инвестирани 1 милијарда долари. Првите примероци од моделот ќе бидат предадени на клиентите во 2020 година. Досега компанијата има добиено повеќе од 7.000 барања, а збирот за нив надминува 2,3 млрд.долари.

Слични содржини