Кампања на „Версаче“ со сестрите Хадид критикувана за богохулење (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Манекенките Џиџи и Бела Хадид позираа целосно голи во кампања за „Версаче“, со црвено јаболко во рацете, а змијата околу ногата на Бела јасно покажува дека сакале да „доловат“ библиски мотиви.

Сепак, поради овие фотографии, сестрите Хадид се на мета на осуда, бидејќи многумина сметаат дека таквата кампања е облик на богохулење.

Џиџи и Бела позираа со чанти „Версаче“, кои ги покриваа нивните интимни делови од телото, а многумина претпоставуваат дека Донатела Версаче била инспирирана од библиските мотиви и познатата слика на Ботичели „Раѓањето на Венера“.

„Моите Версаче божици“, напиша Донатела во описот на контроверзната фотографија што ја објави на својот Инстаграм профил.

Во коментарите, освен пофалби, имаше и бројни критики.

„Но зошто?“, „Демонска симболика“, „Животните не се носат, не се модни украси“, се само дел од негативните коментари.

Слични содржини