Канје Вест откри дека планира да се кандидира за претседател на Америка

од Stefanija Kuzmanovska

Откако се кандидираше за претседател во 2020 година, раперот Канје Вест одлучи да го направи тоа повторно.

Американскиот пејач и рапер Канје Вест изјави дека ќе се кандидира за претседател на САД на претстојните избори во 2024 година.

Тој откри дека за време на кампањата ќе соработува со контроверзниот коментатор Мајло Јанопулос.

„Да, ќе се кандидирам. Едноставно е, бидејќи никој не може да ми каже дека треба да го кажам ова или она, знаете. Одиме во иднината“, изјави Вест, пренесуваат американските медиуми.

Контроверзниот рапер загуби повеќе од милијарда долари откако неколку големи компании ја откажаа неговата соработка. Сето ова се случи поради неговите антисемитски ставови искажани на социјалните мрежи.

Слични содржини