Канадскиот премиер Трудо во ненадејна посета на Киев

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, денеска допатува во ненадејна посета на Киев.

Заедно со Трудо, во посета на Украина е и канадската министерка за финансии Кристиа Фриланд.

Трудо положи венец на меморијалниот ѕид на украинските војници кои загинаа во судирите со проруските сили од 2014 година.

Се очекува канадскиот премиер да се сретне со претседателот на Украина, Володимир Зеленски и да ја потврди поддршката на Отава за властите во Киев.

Членката на НАТО, Канада, обезбеди воена и финансиска помош за Украина за време на војната со Русија.

Ова е втора посета на канадскиот премиер на Украина од почетокот на руската воена интервенција во февруари 2022 година. Последен пат тој го посети Киев во мај минатата година.

Слични содржини