Канје Вест плачел поради Ким Кардашијан

од Stefanija Kuzmanovska

Славниот рапер Канје Вест одржал забава во Лас Вегас, а поводот бил слушање на неговиот нов албум кој ќе се вика „Донда“, по неговата покојна мајка.

На забавата тој избрал една од песните во кои, според британскиот „Сан“, имало делови за неговиот брак со ријалити sвездата Ким Кардашијан.

Канје наводно бил емотивно погоден на забавата кога започнала песната „Welcome to My Life“.

Текстот на песната наводно опишува дел од разводот со Ким, како и неговата кандидатура за претседател на Америка.

„Кажете им на атентаторите дека избегав од Калабасас“, гласи стихот во кој Канје наводно го споредува животот во домот со Ким со затвор.

„Тоа е многу длабока, тажна песна за Канје што го рефлектира неговиот брак со Ким. Тој зборува за децата и споменува како Ким му одзеде сè. Откако започна песната, Канје застана околу две минути и плачеше. Беше навистина мрачно“, изјави извор од забавата за „Сан“.

Слични содржини