КАПИТОЛ ХИЛ КАКО ВОЕНА БАЗА: Вашингтон под опсада на армијата во пресрет на инаугурацијата на Бајден (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Еден ден пред инаугурацијата на новиот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, зградата на Американскиот конгрес во Вашингтон, каде што ќе се одржи манифестацијата, изгледа како воена база.

Вооружените трупи на Националната гарда, кои ќе ја обезбедуваат инаугурација, се распоредени во Капитол, а целиот Вашингтон овие денови изгледа како тврдина: градот е под опсада на армијата, поставени се блокади на многу контролни пунктови во градот, како и огради со бодликава жица.

На сила е полицискиот час, што го воведе градоначалникот на Вашингтон, Муриел Боусер, до 21 јануари, ден по инаугурацијата на Бајден. Се очекува на денот на инаугурацијата да бидат присутни околу 25.000 припадници на Националната гарда, што е околу 3 пати повеќе од вообичаеното за тој настан.

Одлуката е донесена поради немирите на 6 јануари, кога приврзаниците на Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот, каде беа потврдени резултатите од претседателските избори.

Слични содржини