Караџовски објасни кога ќе се попишат лицата кои ќе бидат во изолација

од Nikola Popovski

„Комисијата за заразни болести направи протокол за пописот и ние го доставивме до Владата. Дистанца, маска и негрупирање. Тоа се мерките. Јас лично не одлучувам за него“, соопшти вечерва за емисијата „Само интервју“, директорот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, одговарајќи на прашање околу тоа дали смета дека треба да се одржи пописот.

Според него, протоколот предвидува позитивните лица со Ковид-19 да бидат попишани, откако ќе им заврши изолацијата.

Во однос на вирусот, тој соопшти дека следната недела е круцијална во делот на заболените, хоспитализираните, починатите и болничките кревети.

„Секој респираторен вирус 6-8 недели ја има својата активност. Во моментов сме крај на 6-тата недела, а од понеделник почнува 7-мата“, потенцира Караџовски.

Слични содржини