Каракачанов не се плаши од тужбите на ВМРО-ДПМНЕ: Ако сакаат нека поднесат и до Ерменскиот поп или каде и да сакаат

од Nikola Popovski

„Македонските политичари одамна станаа за мајтап, не само во Македонија, туку и во целиот свет, но во Бугарија законот е ваков: 40 дена пред изборите секоја општина објавува списоци на луѓето кои имаат право на глас и тоа се објавува на сајтот на општините“, вели бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов за ТВ Сител, по повод објавените имиња на функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои наводно поседуваат бугарски пасоши.

По најавите дека тие можат да поднесат тужби, Каракачанов вели дека тие можат да пуштат ако сакаат и до Ерменскиот поп или каде и да сакаат.

„Јас си поиграв малку и почнав да ги прегледувам списоците на лицата кои можат да гласаат во Ќустендил, Благоевград, во Софија каде има најмногу регистрирани Македонци со бугарско државјанство. И излегоа тие интересни имиња. Јас како што можете да видите во моето соопштение не сум кажал дека тоа се пратеници или бивши министри на ДПМНЕ. Тие сами се препознаа, но списоците се јавни и информацијата е јавна и вие како македонски новинар исто така можете да влезете на сајтот на општина Ќустендил, Софија, Благоевград и секоја друга општина во Губарија и да ги прегледате списоците на избирачите“, вели Каракачанов.

На прашањето дали е сигурен дека некој македонски политичар има бугарски документи, тој вели дека за лице кој не е пратеник и кој е најзлогласен, како што се вели, има 1.000% информација, дури и неговата адреса и матичниот број му ги има.

„Но, тоа е друга тема“, вели Каракачанов, додавајќи дека името го има во тој список, појаснувајќи дека такво презиме не постои во Бугарија.

Слични содржини