Кардиолог го сподели појадокот што го јаде секое утро за да го одржи срцето здраво

од Stefanija Kuzmanovska

Како ќе го започнеме нашето утро одредува каков ќе ни биде денот, а тоа вклучува и што јадеме за појадок.

Не е тајна дека некои намирници е попаметно да се избегнуваат, особено кога станува збор за здравјето на нашето срце. Кардиологот Ник Вест за „Парада“ откри што појадува, но и кои комбинации на храна ги избегнува.

„Во мојот појадок редовно внесувам овошје кое е богато со влакна и минерали и има малку шеќер. Тоа се бобинки, јаболка, понекогаш ананас, често во комбинација со немастен јогурт и гранола (крцкави мусли)“, рече тој.

Понекогаш се части со кајгана со авокадо на тост од интегрално брашно, но не секој ден.

„Иако сите овие намирници се здрави, авокадото и јајцата се нешто што го избегнувам секој ден поради нивната содржина на масти и холестерол“, додава д-р Вест.

Други намирници кои треба да се избегнуваат вклучуваат преработено месо, полномасни млечни производи и храна богата со холестерол.

Што се однесува до пијалоците, тој советува кафе за почеток на денот, а потоа соковите од цвекло и шипинка.

Слични содржини