Кардиолог откри која вежба е најдобра за здравјето на срцето

од Stefanija Kuzmanovska
434 прегледи

Веројатно веќе знаете дека вежбањето е клучно за одржување на целокупното здравје, особено за здравјето на вашето срце, но она што можеби не го знаете е дека повеќето од нас не ги исполнуваат потребните нивоа на физичка активност.

Ако барате вежби за почетници, кардиологот Ли Мекдоналд препорачува пешачење.

„Пешачењето е она што го препорачувам. Бесплатно е и секој може да го направи секаде во секое време“, вели тој.

Обично им предлага на своите пациенти 30 минути брзо одење пет дена во неделата. Овој пристап е практичен и флексибилен, овозможувајќи 30 минути да се поделат на две сесии од 15 минути за погодност и леснотија.

Пешачењето, исто така, игра клучна улога за здравјето на срцето и е чест елемент во програмите за срцева рехабилитација, кои често вклучуваат одење на лента за трчање, пишува The Healthy.

Сепак, тајната на одржувањето на режимот на вежбање за здраво срце лежи во тоа колку уживате во самата активност. Д-р Мекдоналд ја нагласува важноста на личните преференци при изборот на вежбање.

„На крајот на краиштата, изборот на активност во која уживате ќе биде клучен“, вели докторот.

Д-р Дона Арнет се согласува дека треба да се погрижите да најдете вежби во кои уживате.

„Поголема е веројатноста да се придржувате до рутината ако уживате во неа“, смета таа.

Дополнителни вежби за здравјето на срцето

Д-р Мекдоналд и д-р Арнет предлагаат голем број активности кои ќе го одржат вашето срце здраво:

– аеробик во вода

– играње тенис во парови

– возење велосипед

– градинарство

За оние со проблеми со зглобовите, д-р Мекдоналд предлага опции како возење велосипед.

– трлање

– пливање

– планинарење

– скокање на јаже

– брзо возење велосипед

Тие зборуваат и за тренинзи за сила два до три пати неделно за зајакнување на кардиоваскуларното здравје, особено за подобрување на крвниот притисок.

Придобивките од редовното вежбање се големи, го намалувате ризикот од болести како дијабетес и деменција, го подобрувате спиењето, меморијата и рамнотежата, па дури и ја ублажувате анксиозноста и депресијата.

Слични содржини