Карлос Алкараз го освои УС Опен: Шпанецот стана најмладиот тенисер на чело на АТП листата

од Берта Китинска

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз (19) рано утринава го освои УС Опен, победувајќи го во финалето, Норвежанецот Каспер Руд со 3:1 (6:4, 2:6, 7:6(1), 6:3).

Во меч кој траеше 3 часа и 23 минути, 19-годишниот Шпанец имаше 14 аса, три двојни грешки и реализираше 3 брејк топки од 11.

Шпанецот испиша историја со тоа што стана првиот тинејџер кој стана светски рекет број еден.

На новата АТП листа Алкараз е прв, Руд е втор во светот.

Алкараз има 6.740 бодови, следен од Руд со 5.850, Рафаел Надал со 5.810, Даниил Медведев падна од првото на четвртото место со 5.065 бодови, а петти е Александар Зверев со 5.040.

Новак Ѓоковиќ, кому му беше забрането учество на УС Опен поради тоа што не беше вакциниран, моментално е на седмото место со 3.570 бодови.

Слични содржини